Средба на министерот Минчев со претседателот на КСС Ралповски: Институционален дијалог за унапредување на јавната администрација
Министерот за јавна администрација Горан Минчев, денеска остварил работна средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) Благоја Ралповски, на која се разговарало за клучни прашања поврзани со положбата на вработените во јавниот сектор, условите за работа, како и за унапредување на социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикалните организации.
Како што соопштија од Министерството за јавна администрација, двете страни ја потенцирале важноста на отворената комуникација и соработката за постигнување одржливи решенија кои ќе придонесат кон поквалитетна и поефикасна јавна администрација.
Минчев нагласил дека Министерството останува отворено за соработка со сите синдикати и дека транспарентниот и конструктивен дијалог е клучен во процесот на реформи и подобрување на јавниот сервис.
Од страна на КСС била изразена поддршка за инклузивен пристап во носењето на политики кои директно ги засегаат административните работници.
- Средбата заврши со заедничка согласност за продолжување на дијалогот и редовни консултации по сите значајни прашања од интерес за вработените во јавниот сектор, се наведува во соопштението од Министерството за јавна администрација.