Средба Макрон, Мерц, Стармер и Зеленски
Претседателот на Франција, британскиот премиер и германскиот канцелар в недела во Лондон ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти денеска Елисејската палата.
На средбата ќе се разговара за поддршката на Украина и за засилување на притисокот врз руските воени напори, како и за постигнување праведен и траен мир во Украина и на европскиот континент, особено во рамките на коалицијата на волјата.
Емануел Макрон, Кир Стармер и Фридрих Мерц, пред средбата со Зеленски, ќе имаат трилатерална средба.
Ова доаѓа откако Владимир Путин ја одби понудата за средба со Володимир Зеленски, а нападите меѓу Русија и Украина се интензивираа.

