Средба Џафери-Ќучук: Членството во ЕУ останува стратешка цел на Северна Македонија
Премиерот Талат Џафери денеска оствари средба со европратеникот Илхан Ќучук, известител во Европскиот парламент за Република Северна Македонија.
Изразувајќи благодарност за досегашната блиска и активна соработка со европратеникот Ќучук во изминатите четири години, премиерот Џафери го нагласи задоволството од поддршката на Ќучук во промоцијата на европското досие на Северна Македонија во Европскиот парламент и неговиот личен придонес во носењето важни одлуки за земјата. Последен успешен пример во таа насока беше процесот на „Дијалогот Жан Моне“, во рамки на кој се одвиваа разговорите за новиот Деловник на Собранието, кој беше усвоен со консензус од пратениците, известуваат од Владата.