Средба Билал Касами и Африм Гаши - што се договориле?

Билал Касами и Африм Гаши на заедничка маса по повеќе од четири години. Според инфорамциите на ТВ 24, двајцата опозициски лидери се виделе неделава, за, како што велат извори од двете партии, да се обидат да го стопат мразот во однос на некоја посериозна идна соработка.

Според истите инфорамции на средбата не станало збор за суштинска соработка, само за првична средба, откако неколку пати и од двете парти најавија мозжност за идна соработка за, како што велат, да се остави ДУИ во опозицијата. ТВ 24 постави прашања до дввте партии. Од БЕСА ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат средбата.

- Движењето БЕСА е отворено на соработка со сите опозициони политички партии. И комуникацијата и средбите мегу опозициони парти е нормално да се одвиваат. - велат од Беса.

Подиректен одговор од Алтернатива на Африм Гаши, од неговата партија велат дека Гаши се среќава со повеќе политички авторитети.

- Секако дека има контакти меѓу АлтернАтивА и Беса, а за тоа дали ќе има соработка и како ќе изгледа тоа, за тоа допрва треба да почекаме. Како партија која се залага за поинаков вид на вредности, на која главна тема и е борбата со корупцијата, но и евроинтеграции, ние би сакале да најдеме партнери со кои би можеле да соработуваме на овие принципи. Сите се сложуваме дека време е и кај Албанците да се случи промена. Време е за нова алтернатива. - велат од Алтернатива.

Дека Африм Гаши би застанал со Билал Касами на следните избори, тој не негираше ниту во 24 аналзиа. Гаши порача и дека има контакти со огените, но и за коалиција со нив рече мора најпрво да расчистат во својот двор.

Огнените пак засега тврдат дека ќе настапуваат исклучиво како фракција во ДУИ, но не исклучуваат и можна нова партија. Од друга старна пак, нивните сопартијци најавуваат нивно разрешување во пакет.