Средба банкари - влада, ќе има ли договор за кредитните услови?

Власта е уверена дека ќе постигне добар договор со банките за кредитната линија од унгарскиот заем наменета за компаниите. Но, што досега е договорено а што останува камен на сопнување не соопшуваат ниту банките, а ниту ни властите.

Сите детали ќе бидат објавени по средбата во недела на која владата и Македонската банкарска асоцијација ќе треба да ги договорат сите формалности. А тоа се: кој ќе ја плаќа каматата од 3,25 отсто што треба да се враќа на унгарската банка. Дали ќе има и колкава би била провизијата која ќе ја бараат комерцијалните банки, и тоа што неофицијално банките најмногу ги засега е рокот на враќање на парите. Властите уште еднаш побараа од банките да бидат солидарни и да помогнат во подобрувањето на македонската економија.

„Треба сите заедно да работиме во овие тешки моменти. Исто како што се работеше во времето на Ковид кризата, исто како што се работеше во  енергетската криза. Ако тике мислат дека сега  не треба така да работат, во ред, тие се приватни субјекти. Ние како влада не можеме да се мешаме. Наше беше да обезбедиме средства за бизнисот и за економијата.“ - Влада.

Овие пари доаѓаат во време кога банките се повеќе од ликвидни и во нивните понуди имаат кредити со слиучна каматна стапка. Според економистот Абил Бауш власта не треба да се надева на дговор кој ќе биде добар за двете страни, со образложение дека банките сепак работат за профит. Ќе биде тешко бамките да направат некакви отстапки. 

„Ќе биде тежок процес и нема да се договорат со овие услови кој штом и владата и банките ги ставаат од почетокот. Мислам дека ќе има договор но нема да биде истиот, затоа што и банките во моментов имаат големи депозити. Тие имаат сопствени средства кои сакаат да ги  пласираат во компаниите. И тоа што поголем профит да направат.“ - Абил Бауш економист.

Банките од самиот старт ја одбегнуваат оваа тема и не сакаат да коментираат се додека не се договорат со властите. Тоа што неофицијално го знаеме е дека нема да прифатат рокот на враќање на кредитот да биде на 10 години. Тоа за банкарскиот сектор е долг и ризичен период, за кредитот да биде нефункционален.

Што ќе плаќа државата односно граѓаните, дали  банките ќе имаат некакви дополнителни побарувања, кои ќе бидат обврските за компаниите што ќе аплицираат за дел од колачот вреден 250 милиони евра, ќе се знае во недела попладне.