Средба Ангеловска - СКМ: Пет барања од бизнисмените
Foto

Средба Ангеловска - СКМ: Пет барања од бизнисмените

Да не се одолговлекува законското воведување на холдингот како форма на организирање на компаниите, да се укинат привилегиите на јавниот сектор при наплата на долговите преку извршители, како и решавање на проблемите со пресметката и повратот на ддв при увоз на суровини се дел од она што денеска бизнисмените ѝ го испорачаа на министерката за финансии на првата средба во Стопанската комора. 

Првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески вели оданочувањето на капиталните добивки ќе има негативни последици за компаниите. Министерката за финансии Нина Ангеловска, на денешната средба со бизнисмените од стопанската комора потврди дека ќе се разгледа иницијативата на македонската берза и комисијата за хартии од вредност, но конечната одлука ќе се донесе откако ќе се анализираат сите податоци. Претходно пак вицепремиерот Кочо Анѓушев излезе со став дека даночењето на капиталните добивки треба да се одложи.

0 Коментари

Остави коментари