Средба Ангеловска-Бежоска - Басани

Народната банка во рамки на своите надлежности континуирано и посветено работи на процесот на европска интеграција. Имплементирањето на европската регулатива во платежната сфера и поднесувањето на барањето за пристапување во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) е значен чекор и дел од процесот на патот на земјата во Европската Унија.

Ова беше заклучено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска - Бежоска и потпретседателката на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, што се одржа на маргините на Годишниот состанок на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светската банка, на која ѝ припаѓа нашата земја, а кој се одржа во Кишињев, Молдавија.

На средбата биле разгледани повеќе проекти што Народната банка ги реализира со поддршка од Светската банка со цел дополнително јакнење на капацитетите на земјата и централната банка во повеќе области, како што се техничката помош за натамошно унапредување на анализите на финансиската стабилност, пред сè во доменот на  климатските ризици.