Средба Ахмети - Липавски: Уставни измени како итна потреба
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Липавски.
Претседателот Ахмети му се заблагодари на министерот Липавски за неговата посветеност и придонесот на Чешката Република во процесот на отворање на преговорите меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, додека билатералните односи меѓу двете земји се опишани како пријателски, а соработката меѓу двете земји треба да продолжи со цел унапредување на заедничката агенда.
На средбата претседателот, Ахмети и министерот Липавски, разговарале и за политичката состојба во земјата и регионот, скрининг процесот, патот кон интеграцијата во ЕУ, енергетската криза, реформите и борбата против криминалот и корупцијата.
Двајцата соговорници истакнаа дека од особено значење е процесот на уставните измени да заврши што е можно поскоро за да се елиминираат предизвиканите доцнења за земјата и нејзините граѓани, додека Липевски додаде дека забрзувањето на евроинтеграциите е во заедничка корист како за Република Северна Македонија така и за ЕУ, потврдувајќи ја чешката позиција дека Западен Балкан е важен и неделив дел од европското семејство.