Србов за ТВ 24: Бугарската политика сака нејзиното минато од војната да се заборави

Професорот од Институтот за национална историја Никола Србов во емисијата 24 анализа потенцираше дека политичарите тоа го тврдат од прагматични прчини и не ја слушаат науката, а дел од науката ја ставија под свое историските комисии.

- Тоа е злоупотреба на историјата и доколку се продолжи така, ќе се смени историјата. Светската не. Бугарија била на страната на оската и нацизмот е осуден на светско ниво. Денес не смеете да правите здруженија кои се пронацистички или фашистички кои го глорифицираат тој период никаде во светот. Ниту имиња на фашисти не смеат да се користат ниту како име на фирма, ниту на здруженија. Очигледно само кај нас се прави исклучок. Бугарската политика сака да се изземе од своето минато и сакаат нивното минато да се заборави. Цар Борис има двојна улога, тој ги спасил Евреите во Бугарија, но во Македонија тие се однесени во Треблинка токму од бугарската војска. - вели Србов.