Србите во Северна Митровица протестираа против забраната на динарот

Одлуката за забрана на српскиот динар нема да се укине. Косовскиот премиер Албин Курти уште еднаш потврди дека владата нема намера да интервенира да се промени одлуката на Централната банка.

На србите им порача дека ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука, а за сите проблеми уште еднаш го обвини Александар Вучиќ, порачувајќи дека сегашните тензии немаше да постојат доколку Србија го признаеше постоењето на Косово како самостојна држава.

„Не можам да ја поништам оваа одлука. Нема да имаме какви било казнени мерки, не сакаме никого да казниме.“ - рече Курти.

Гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили вели дека одлуката, која загрижи многу жители на Косово кои примаат приходи во динари, е донесена за да се подобри финансискиот систем на земјата. Откри и дека Регулативата директно не забранува ниту една валута, дури ни динарот, кој има ист статус како и другите валути што не се евро.

„Ако го забранивме динарот, ќе требаше да ги забраниме и фунтата, франкот и доларот. Всушност, тие не се забранети, само беше дефинирано дека само една валута, еврото, служи како платежно средство, како платен инструмент. Дозволено е да се држат сите други валути, вклучително и динарот. Затоа, секој Србин од Косово не прави никакво прекршување на законот кога има динари во џебот, тоа е негов избор, тој има право да оди и да ги конвертира во лиценцирана институција, било од евра во динари, дали динари во евра, има право да има штедна книшка во банка, доколку банката му понуди во динари.“ - изјави Ахмет Исмаили гувернер на Централната банка на Косово.

Во Северна Митровица протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како платежно средство во земјата..Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат, за да се спротивстават на одлуката на владата во Приштина ...

„Србија има право да ги финансира своите граѓани. Она што е договорено со бриселската спогодба каде е наведена дека се финансираат училишта, градинки, болници , општини, што всушност се темелите на заедницата на српски општини. За жал, таа заедница која требаше да се формира пред 11 години, гледаме дека Приштина се уште не сака да го спроведе тоа.“ - рече Драгоша Милетиќ потпретседател на партијата Српска листа.

На одлуката на владата на албин курти се спротиставуваат САД и Европската унија,кои иако не го спорета решението, бараат подолг транзициски период, со цел да не се влијае на економската состојба на српското малцинство на Косово.