Србиновски во Аргумент плус: Доаѓањето на Трамп на власт ќе предизвика големи промени и потреси

Новинарот Дејан Србиновски во Аргумент плус рече дека доаѓањето на Трамп на власт ќе предизвика големи промени и потреси не само во Америка туку и во цел свет. Според него како и во првиот мандат така и во овој, сите одлуки ќе бидат ригорозни и тешки.

„Трамп уште денеска потпиша 20 извршни одлуки кои не стапуваат одма на сила туку треба да поминат низ федералните институции во рок од 90 дена и зпоред тие одлуку треба да се пресече како ќе се постапува во иднина. Според мене сега сите неолиберални сфаќања и политики ќе исчезнат во САД а поради тоа ќе мора и останатите држави да се прилагодат на новото време“, изјави Србиновски.

Тој зборуваше и за фокусот на Трамп за време на изборната кампања, која според него била насочена на три важни сегменти: економија, имиграција и безбедност. 

„За да можеме да анализираме каква политика ќе применува Трамп важно е да го анализираме неговиот лик и дело. Ако ги видиме сите три важни сегменти на кои ќе се фокусира Трамп може да видиме дека економијата секогаш ја става на високо ниво. Тоа најмногу се заклучи кога Трамп почна да зборува и за враќањето на нафтата во САД. Поради овие три сегемнти Трамп доби поддршка од народот во САД но најважно е да видиме како ќе се справи Европа со мерките и царините“, рече Србиноски и додаде дека Трамп ќе се насочи и на јакнење на доларот во однос на другите валути.

Србиноски потенцираше и дека во овој мандат, за разлика од претходниот, Трамп е многу посталожен и посмирен.