Србија со гол во последната секунда ја сруши Норвешка

Во денешните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024, најголемо изненадувања направија репрезентациите на Србија и Финска.

Србија во Нови Сад славеше против фаворизираната Норвешка со 25:24 (12:14). Победничкиот гол за Србија го постигна левиот бек на Елверум, Урош Борзаш.Борзаш беше меѓу најефикасните во Србија, постигна три погодоци, додека листата на стрелци беше предводена од Богдан Радивојевиќ и Драган Пешмалбек, кои имаа по пет реализации.