Србија - привлечна дестинација за сите генерации

Србија, а најмногу Белград се се поатрактивна дестинација за сите генерации. Бројни туристи во секое доба од годината можат да се забележат низ белградските улици и надалеку познатата Белградската тврдина која истовремено е прекрасен Калемегдански парк. Тврдината практично претставува продолжување на пешачката зона на Белград. 

„1867 година кога Турците ја напуштиле тврдината таа е пренаменета во прекрасен парк Калемегдан што на турски значи поле за битка. Денеска е прекрасен парк кој освен тврдината која е комбинација на тврдина од Римско време, од Византиско, Српско, Бугарско, Унгарско, Турско и Австриско можеме да видиме прекрасен парк со диносауруси, има воен музеј, тука се наоѓа уметнички павиљон како и Белградска зоолошка градина. Има и спортски терени, тениски игралишта, кошаркарски, места за фудбал, значи многу манифестации се оддржуваат тука“, ни раскажа Симонида Попов-Диховични туристички водич. 

Во последните години симбол на српската метропила е атрактивниот " Белград на вода." Висококатниците со модерна архитектура и широкото шеталиште покрај реката Сава ги воодушевуваат посетителите, а најмногу помладите. 

Но белграѓани оддишка од брзиот живот наоѓаат во Земун - еден од најубавите делови на Белград. 

Земун низ историјата бил град со сопствена историја а од 1934 е дел од Белград па жителите на Земун гордо велат дека се Земунци.  Симбол на Земун е Гардош кулата. За многу жители од ова место атрактивно е да се искачат на кулата која го има еден од најубавите погледи на Земун и Дунав. 

„Жителите тука имаат своја прекрасна пешачка зона, свој прекрасен кеј. Тука Дунав полека тече према Ушче. Гледаме големо воено острово. Земунците се гордеат и со својата плажа која ја викаат Лидо. Има многу чамци и лебеди. Ние често велиме дека луѓето тука прво учат да пливаат пред да научат да зборуваат и одат. Тука некогаш живееле рибари се чуствувал мирисот на риба и песната на рибарите. На пешачката зона каде е „Улицата на господата“ живееле богатите. Се вели дека таму отсекогаш се чувствувал мирисот на добри колачи“; вели Симонида. 

Едно од позначајните места во српската метропола е и храмот Свети Сава, висок  80 метри. Тука се наоѓа и Националната библиотека. 

„Самиот храм е граден така со план да можат околу 10 илјади луѓе во еден момент да бидат во самиот храм. Позлатениот крст е висок 10 метри, фантастичната купола има дијаметар од скоро 30 метри и тежи околи 4 000 тони па морала да биде подигната во внатрешноста на самиот храм. Градбата на храмот започнала 1985 година на рушевините на еден нигогаш недовршен храм во 1935 година нашиот храм е завршен. " раскажува Симонида. 

Но освен метрополата оваа земја изобилува и со други дестинации кои нудат непроценлива природа и богата историја. Пример за ова е прекрасниот средновековен манастир" Манасија" опкружен со неговите 11 кули, а се наоѓа над градот Деспотовац сокриен во густата шума. Манастирот е завршен во 1418 година а фреските се направени подоцна. 

„Секоја фреска тука има своја приказна и свое движење. Тука се наоѓа фреската „Око недремано“ или фреска на која бог ги држи рацете на сите праведници. Секој кој го освојувал манастирот бил многу скептичен Турците дури ги чувале и коњите тука. Мозаикот е два пати враќан. Над 150 години Манасија била без лимен кров оти Турците го извадиле и од него правеле ѓулад. Имале и аверзија према црквените звона но манасите се снаоѓале така што лупале со камен од даска. Турците биле бесни што никако не можеле да ја покорат Манасија. Приметиле дека гуските секоја вечер наоѓале пролаз и слегувале на реката Ресава да пијат вода и по истиот пат се враќале. Така влегле и тие и ја освоиле Манасија“.

Тука е и Ресавската препишувачка школа еден голем духовен центар каде монасите ги препишувале најзначајните црковни книги кои потоа се раздавале.

Уште едно импознатно дело на природата во овој реон е Ресавската пештера. Анѓелка Богдановиќ туристички водич раскажува дека Ресавската пештера официјално е пронајдена во 1962 година од страна на планинари од Деспотовац и Свилајнац со спеолози од Белград и Нови Сад на чело со доктор Јован Петровиќ.

Истражувањето и уредувањето траело 10 години и пештерата официјално е отворена 22 април 1972 година. Има две нивоа со по 4 сали. Температурата е плус седум степени а вражноста на воздухот е помеѓу 80 и 100 проценти. Самиот влез во пештерата е на 485 метри надморска висина а најниската точка која е направена за посетители е на 405 метри надморска висина. 

,, Секоја сала е посебна на свој начин. Влезната сала или салата „Колонада“ има споени столбови што зборува за тоа колку Ресавската пештера е стара. Другата сала е салата „Кошница“ која има три сталгмити кои потсетуваат на стари кошници. . Од третата сала низ две вештачки отворени тунели се доаѓа до „Кристалната сала“ која е најбогата со пештерски украси и за многумина најубава сала во пештерата. Во второто ниво на пештерата  се наоѓа „Концертната сала“  која е најголема каде има статуа на мајка со дете која е заштитен знак за Ресавската пештера. Следна е   „Салата Бобан“ која името го добила по осмогодишното момче кое по некои верувања за време на истражувањата бил со нив. На крај низ коралниот тунел се наоѓа салата „Кепа“.раскажува Анѓелка Богдановиќ. 

На неколку километри од Деспотовац патот ве води и до најстарата бања во Србија, Сокобања - која туристите ја обожаваат , пред се поради чистиот воздух и непроценливата природа.  

Во Сокобања се наоѓа и спомен собата на Иво Андриќ која се наоѓа во хотелот Моравица. Весна Милосављевич туристички водич раскажува дека познатиот нобеловец сакал секогаш да доаѓа во Сокобања. Тука сакал во мир да пишува, најчесто одел во природа за да се скрие далеку од сите. Сакал да разговара со обичните луѓе и да шета. 

„Секогаш престојувал во овој апартман бр. 144 оти најповеќе го потсетувал на неговиот роден Вишеград кога гледал низ прозорецот каде од една страна имал планина а од друга страна река. Со години овај апартман беше достапен за туристи но од 2011 година хотел Моравица и Музејот на град Белград донесоа одлука овај апартман да се претвори во Спомен соба. Поставени се неговите работи кои биле поврзани со неговиот престој во Сокобања така да денес е достапен за туристите и навистина голем број посетители се воодушевуваат со овај апартман и сакаат да го посетуваат“, раскажа Милосављевиќ.

 

Во овој предел на Србија атрактивен за посета е и градот Ниш и Нишката тврдина кој е симбол на градот, една од најважните тврдини на Србија.