Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија

Според официјалните податоци, од земјите од поранешна Југославија, Србија чува најмногу, дури 41 тони злато, по што следуваат Северна Македонија со седум тони, Словенија со околу три тони, Хрватска со 1,75 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони, објави хрватскиот RTL.

Земјите порано ја заштитуваа својата економија со злато, акумулирајќи резерви на злато низ годините.

Според податоците, САД имаат најмногу резерви на злато, повеќе од осум илјади тони злато. Втора е Германија, со 3.500 тони, Италија со 2.500 тони, приближно исто како и Франција, петта е Русија со околу 2.330 тони.