Срамна и изнудена комеморација во Собранието за родителите на загинатите деца, на жртвите никој не им го спомна името

Со едноминутен молк и присуство во галеријата  на родителите на загинатите во несреќата во дискотеката Пулс во Кочани народните избраници денеска одржаа комеморативна седница по повод годишнината од трагедијата.

Читајќи го говорот од само неколку страници а кој не траеше подолго од 20 минути собранискиот спикер Гаши порача трагедијата да не се злоупотребува за било какви цели а институциите да ја изречат долгоочекуваната првда.

На седницата беше присутен државниот врв односно претседателката на државата Гордана Сиљановска Дафкова и премиерот Христијан Мицкоски. 

За родителите на загинатите пак ова е само чиста формалност. Реагираа дека во својот како што велат  и така кус говор собранискиот спикер Гаши воопшто не ги ни спомнал имињата на нивните деца. 

На комеморативната седница говор одржа само собранискиот спикер Гаши. Покрај државниот врв имаше пратеници и од останатите пратенички групи. На седницата не беше присутен лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, а не беа присутни ниту Али Ахмети  ниту Зијадин Села.