Спортот стана политика - тензично на релација Белград - Загреб
Foto

Спортот стана политика - тензично на релација Белград - Загреб

Ден откако на шеталиштето во Сплит хулигани нападнаа ватерполисти на Црвена Ѕвезда, неколку основни училишта во градот осамнаа со пораки на омраза и нетрпеливост. Засега непознати лица преку графити ширеа омраза кон други националности. За време на викендот на сплитската Рива беа нападнати тројца ватерполисти на Црвена Ѕвезда, а полицијата приведе две лица на 25 години и едно на 23 поради сомневање дека со палки ги нападнале спортистите кои требало да играат против Морнар. Причина за нападот била тоа што играчите на Црвена Ѕвезда седеле во клубски обележја. Ватерполистите на Црвена Звезда седеле во кафуле, наводно келнерот ги препознал по амблемите на клубот и побарал да ги соблечат маиците по што биле нападнале. Двајца играчи успеале да побегнат, но голманот Александро Краљ, по потекло црногорец, се спасил скокајќи в море. Тој не излегувал сè додека не дошла полиција. Неколку совесни граѓани му помогнале, а други го навредувале.

„Келнерот го забележа грбот. Праша што е тоа. Му реков дека е ѕвездин. Ми рече да го покријам. Мислев дека е шега, но тој ми рече дека не е. Отидовме во друго кафуле. Во нападот најлошо поминав. Викаа убијте го четникот. Ме удираа, ме бркаа со нож, ме расекоа по ногата, единствено решение ми беше да скокнам во море. Настана хаос. Се собраа луѓе, викаа“. - изјави Александро Краљ – голман на Црвена Ѕвезда.

Српското МНР ѝ врачи протестна нота на хрватската амбасада во Белград.

„Министерството за надворешни работи изразува длабока загриженост и разочарување поради нападот врз ватерполистите на Црвена ѕвезда“.- стои во соопштението.

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ рече дека секое насилство е неприфатливо. Нападот на ватерполистите го осуди и хрватската Влада како и градоначалникот на Сплит, Анто Кртуловиќ и Олимпискиот комитет на Хрватска.

0 Коментари

Остави коментари