Според Владата инфлацијата е стабилна, СДСМ обвинува за нови задолжувања

Македонија ќе биде во групата земји што имаат најниска стапка на инфлација, а највисока на растот на БДП, вели премиерот Мицкоски. Од СДСМ објавија дека Владата донела одлука за ново задолжување од странство во износ од 250 милиони евра кои ќе се трошат за буџетски потреби.