Според Владата инфлацијата е стабилна, СДСМ обвинува за нови задолжувања
Раст на бруто домашнито производ до 4 проценти и една од најниските инфлации во регионот...Владата убедена дека Македонската економија ќе продолжи да расте и во периодот кој следува..Според премиерот, земјава е единствената држава во регионот во која усогласувањето на процената за раст, е во позитивна насока..
Христијан Мицкоски – премиер: „јас сум убеден дека оваа година растот на бруто-домашниот производ ќе биде меѓу 3,5 и 4 проценти бидејќи во првото полугодие досега е 3,7 проценти, потоа 3,1 во првиот квартал и 4,3 во вториот квартал, очекувам да бидеме земја која што ќе има, ако не најниска, меѓу најниските две-три инфлации во регионот и Европа, и ако не највисок, тогаш меѓу првите пет највисоки порасти на бруто-домашниот производ во регионот и во Европа. Во регионот сме втори, убедливо, кога ќе ги анализираме стапките на инфлација од Словенија до Турција. “
Од опозицијата пак му порачаа, извештајот на светската банка ги побива сите тврдењата дека сме трета економија во европа и покажува дека наместо непредок, македонија стои во место..Според потпретседателката на СДСМ, и новото задолжување од 250 милиони евра, наместо за развој ќе се потроши за покривање на трошоците од буџетот .
Фани Каранфиловска Пановска - потпретседател на сдсм: „Не можеме да се помириме што Македонија во моментов има 900 милиони евра дефицит во буџетот, во државната каса. Со тоа што во Фондот за пензиско-инвалидско осигурување дупката е една милијарда евра. Дуплирана за овие две години. Имаме најново дека Владата повторно ќе се задолжува со ново задолжување од 250 милиони евра за покривање на трошоците од буџетот, за плати и пензии, не за развој, не за инвестиции во економијата. Сакаме да порачаме дека кредитот не е приход, кредитот е обврска. “
Според последниот извештај на светската банка, македонската економија годинава ќе порасне за 3.2 проценти а растот најмногу ќе го поттикне изградбата на патишта и други капитални објекти... За следните две години оваа меѓународна финансиска институција прогнозира раст по три проценти, а за регионот од 3,4 %...

