Спомен биста на Гоце Делчев во населбата во Гази баба

4ти февруари, денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев традиционално се одбележа и во внатрешноста на државата. Свежо цвеќе меѓу другите градови се положија и во Кавадарци, Струмица и Куманово.

Посебна манифестација се оддржа и во населбата Гоце Делчев во Гази баба која го носи името на великанот каде беше отворена спомен биста во чест на македонскиот револуционер.