Специјални сили на Косово изнесоа документи од трезорот на НБС во Лепосавиќ
Специјалните единици на косовската полиција денеска ја изнеле документација од трезорот на Народната банка на Србија во Лепосавиќ. Околу објектот се забележани оклопни возила, а паркирани се и возила на полицијата, јави Косово онлајн.
Вработените од канцеларијата на здружението „Поддржи ме“ за деца со посебни потреби беа видно вознемирени и одбија да дадат изјави пред камерите, наведува порталот. Од нив било побарано да ја испразнат просторијата.
Трезорот на НБС не функционира од мај, кога беа затворени сите објекти на Поштенска штедилница.