Специјалната антитерористичка единица Тигар прослави 41 година од постоењето
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на свеченоста по повод одбележување на денот на формирањето на Специјалната антитерористичка единица - „САЕ - ТИГАР“.
На свеченоста присуствуваа и Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска министерка за одбрана, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски началник на Генералштаб на Армијата на Република Северна Македонија, Виктор Димовски директор на Агенцијата за национална безбедност, Еролд Муслиу директор на Агенцијата за разузнавање, и други високи претставници на Министерството за внатрешни работи и на останатите министерства, како и во присуство на високи гости од дипломатскиот кор во земјата.