СПЦ се заканува со раскол ако биде признаена МПЦ-ОА

Српската православна црква се заканува со можен раскол со Вселенската патријаршија ако биде признаена автокефалноста на македонската православна Црква.

Според епископот Антониј, Константинополскиот патријарх Вартоломеј во Украина направи преседан, кој, во случај да биде повторен на Балканот, може да доведе до прекин на евхаристиската комуникација на СПЦ со Фанар. 

„Доколку бидат донесени какви било решенија по прашањето на Македонија и Црна Гора, може во најбрзо време да се очекува таква несреќна појава, која може да го наруши евхаристиското општење меѓу Константинопол и Српската црква.“ - вели епископот Антониј.

Српските црковни власти се во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА, оспорувајќи ја нејзината афтокефалност. Досегашните преговори не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

А Српскиот епископ Иринеј бачки пак вели дека Стара Србија се протега од Кајмакчалан во Македонија па се до денешна Словенија, каде што живее српско население. Иринеј е еден од најотворените поддржувачи на Руската православна црква и отворено се спротивставува на Вселенската патријаршија. Владиката исто така отворено тврди дека српскиот народ ја создал кирилицата.