Спасовски за ТВ24: Осудените момчиња за насилство врз девојката ја искористија „правната дупка“
Foto

Спасовски за ТВ24: Осудените момчиња за насилство врз девојката ја искористија „правната дупка“

Двајцата насилници кои во јануари брутално претепаа 22 годишна девојка и го снимаа насилството од 30 јуни се на слобода и ќе останат до 1 септември, потврди за тв 24 директорот на кумановскиот затвор Марјан Спасовски.

Двете осудени момчиња во кумановскиот затвор беа во притвор до издржување на казната. Тој вели дека иако пресудата за две ипол години затвор е потврдена од штипска Апелација, со уредбата на Владата со која на осуденици до 5 год до 1 септември им е прологирано одржувањето на казните поради корона кризата.

„Немаше законски основ да останат во притвор,бидејќи поминаа законските 60 дена за притвор, а судија за извршување санкции не даде упатен акт каде ќе треба да ја служат казната. Со пандемијата се отвори правна дупка и тие ја искористија", изјави за Тв 24 Спасовски.

Двајцата осудени од Штип кои што брутално ја натепаа девојката беа осудени на казна затвор од две години и шест месеци на 30 април. Пресудата ја изрече штипската судијка Јулијана Неткова, откако двајцата насилници ја признаа вината Насилството се случило во јануари, а видео снимката од која што се вознемири јавноста на социјалните мрежи се појави на почетокот од април.  Тие беа гонети за кривично дело „насилство“, а казната за ваквите дела е од шест месеци до пет години затвор.

0 Коментари

Остави коментари