Спасовски за ТВ 24: ВМРО-ДПМНЕ ги доби изборите ветувајќи поништување на договорите со соседите, очекувам да го спроведат тоа

ВМРО-ДПМНЕ де факто го прифати Преспанскиот договор, а сега малку глумат со тоа што усмено не го користат името, ама писмено низ пишаните документи го користат. За мене е многу поважно, посуштински она што беше понудено пред изборите, а тоа е ревидирање на Прееспанскиот и Охридскиот договор, договорот за добрососедство со Бугарија и ревидирање на преговарачката рамка. Врз основа на ова тие ги добија изборите. Оттука очекувам тоа и да го спроведат, вели Оливер Спасовски од СДСМ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

- Ако вие создадете документ во кој ќе се наведе што не се почитува од другата страна и ќе најдете решение како да се почитува, јас како пратеник тоа ќе го поддржам, тука немаме разијдување, вели Спасовски. На ова Лефков рече дека ја поздравува македонската платформа.

Спасовски вели дека по изјавите на мандатарот очигледно е дека се прифаќа Преспанскиот договор, а за понатамошниот концепт ќе треба да почекаме мандатарот да го објави заедно со следните постапки.