Спасовски за тв 24: Ако се процени дека има потреба од рестриктивни мерки, ќе ги преземеме
Foto

Спасовски за тв 24: Ако се процени дека има потреба од рестриктивни мерки, ќе ги преземеме

„Имаме состојби каде граѓаните не соработуват со епидемиолозите. Владата е во постојано заседание и ако се процени дека има потреба од рестриктивни мерки, ќе ги преземеме.“ - изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски во Отвореното студио.

„Има неколку причини за зголемување на бројот на заболени од корона вирусот, и ниенма да сме единствен пример. Кај нас луѓето не ги почитуваа целосно мерките, оние за заштита, за групирање. Имаме околу 85 отсто кои ги почитуваат, но има и такви кои не се одговорни. Имавме крешење на полициски час, дел од луѓето се уште не веруваат дека вирусот постои, и сето тоа влијае. Исто како што имавме инертно однесување на МВР, односно јавен настап на Наќе Чулев во кој кажа дека нема да ги казнува граѓаните кои не почитуваат мерки. Јас се обидувам да ги наведам причините кои го зголемуваат бројот на пациенти. Исто така имаме масовно тестирање во некои средини, како Тетово, како Штип, и затоа имаме нов број заболени, но тоа ќе се намалува деновиве. Како и да е, ситуацијата е под контрола. Но, ние секако мораме да сме поодговорни и посвесни за ризиците.“ - рече Спасовски.

Рече дека ако има зголем број на заразени во одредени подрачја, ќе бидат подложни на карантин. Ако има зголемен интензитетна болеста, не е исклучок и Скопје да биде во карантин.

„Ние разговараме често и на седниците на главниот Штаб заедно со Комисијата за заразни болести, на Влада. Овој предлог беше ставен на маса веднаш, значи апсолутно не станува збор дека некој доцни со одлуката, односно Владата, или Комисијата, како предлог. Тоа што е на терен моментално, целата состојба е под контрола, во смисла на дефинирањето на сите кластери. Ако погледнете во Скопје на пример, имаме најголем број на заболени Сарај, Чаир и Општина Гази Баба, сите тие кластери се ставени под контрола дури и денешните бројки, кои се над 30 во Скопје, потекнуваат токму од тие семејства коишто биле во изолација. Во Штип исто така ситуацијата е целосно под контрола“ - рече Спасовски.

За претстојниот празник Задушница, ќе се дискутира на главиот штаб и ќе се консултираат епидемиолозите. Ако треба да се воведат дополнителни мерки, тоа и ќе се направи, рече Спасовски.

„Владата е во постојано заседание и ако се процени дека има потреба од дополнителни рестрикции тоа ќе биде направено. Доколку почнат да паѓаат бројките во наредните два до три дена, тогаш нема потреба од воведување карантински мерки. Доколку бројките растат, секако дека ќе се размислува за карантински мерки за определени подрајча или општини. Доколку вака се развива состојбата, каде сите кластери се познати, тогаш нема да има потреба од карантински мерки.“ - рече Спасовски.

Потенцираше дека мерките и препораките мора да се почитуваат и дека вирусот нема да исчезне и дека со него ќе треба живееме и подолго.

0 Коментари

Остави коментари