Спасовски за Студио 10: Понудив друг човек да го раководи МВР
Оливер Спасовски истакна во емисијата „Студио10“ дека понудил друг човек да дојде на неговата раководна позиција во Министерството за внатрешни работи.
„Со Ковачевски имавме неколку средби на кои разговаравме на оваа тема. Јас понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со МВР.“, рече Спасовски претпладнево во телевизиското студио.
Тој рече дека и Агенцијата за национална безбедност е реформирана за време на неговиот мандат и дека повеќе нема прислушкувања на граѓани.
Во моментов рече дека се подготвува инсталацијата на боди-камерите кај полициските службеници, вклучувајќи ги и оние на граничните премини.
- Има посебна процедура и целиот тој настан и контрола се снима со боди-камерата од која директно се извлекува целиот материјал во посебен софтвер кој се контролира од старешината, рече Спасовски.

