Спасовски тврди дека немало селективност при доделувањето на помош, дел од медиумите најавија штрајк
Foto

Спасовски тврди дека немало селективност при доделувањето на помош, дел од медиумите најавија штрајк

Владата донесе уредба со која донесе одлука на терестријалните телевизии да им додели над половина милион евра, од што најголем дел ќе искористат петте национални Алфа, Сител, Канал 5, Телма и Алсат. 

Локалните телевизии реагираат на селективноста на одлуката на владата. Најавуваат црн екран секој ден од 19 до 20 часот.  Премиерот Спасовски рече немало селективност или дискриминација при доделувањето на помош на медиумите.

„Не гледам дека со оваа уредба има било каква селективност. Ако таков тип на концесии имаат одреден број на телевизии, и тој надомест тие го плаќат затоа е извршена таклва помош за да го платат тој надомест којшто го плаќат за мултиплекс.“ - рече Спасовски.

Мора да најдеме начин и фонд да се обезбеди помош на медиумите, зошто беа на првите борбени линии во време на епидемиите. Без разлика, дали се локални, регионални или национални, истакна Спасовски.

0 Коментари

Остави коментари