Спасовски: Нема да дозволам уште еден упад во Собрание
Македонската јавност треба да знае оти 27 април не може да се повтори во ниту еден момент. Граѓаните треба да бидат безбедни, институциите функционираат и секој без разлика дали е член на политичка партија, дали е граѓанин, кој има намера да учествува повторно во нарушувањето на уставниот поредок на Република Македонија му упатувам порака да се откаже од таквата намера, бидејќи ние сме цврсто решени да се чува уставниот поредок и да се зачуваат институциите на системот, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски од Радовиш, одговарајќи на новинарско прашање дали протестите пред изгласувањето на уставните амандмани може да ескалираат и дали може да се случи нов 27 април. - порача министерот Спасовски