Спасовски: Најдени се два пиштоли и се уште се на вештачење, пронајдени биле во Скопје

Вечерва на вонредната прес конференција, министерот Оливер Спасовски потврди дека Вања Ѓорѓиевска била застрелана со огнено оружје и наодот на обдукција ќе го покаже тоа, рече Спасовски. Потврди дека се најдени два пиштоли кои се на вештачење

- Најдовме два пиштоли кои треба да се вештачат за да се потврди и да не шпекулираме предвреме. Најдени се на територијата на Скопје. - рече Спасовски.

Прашан дали е пронајден телефонот на Вања, тој кусо одговори „да“.