Спасовски: Инспектор ќе си сноси одговорност доколку е точно дека на пријатели споделувал информации за истрагата за убиствата на Вања и Панче

Со поднесувањето на кривичните пријави, целосната истрага оди во Основното јавно обвинителство и таму е целата документација. Сите детали се разгледуваат таму. Не би можел да споделувам повеќе информации бидејќи истрагата не се води по медиуми, туку мора во ОЈО, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан за тоа каде се наоѓало возилото на убиениот Панче Жежовски, од моментот кога му е одземено до моментот кога е користено на 27-ми ноември од страна на убијците, за киднапирање на малата Вања Ѓорчевска. Спасовски истакна дека во последниот период се лиферуваат многу шпекулации за истрагата.