Спасовски: И Куманово е ослободено од македонските партизани, но мора да си простиме за да одиме напред

Моето Куманово го ослободиле македонските партизани на 11 ноември, македонија е ослободена во борбите на народнослободителната борба против фашизмот. Ова се факти за кои не треба да дебатираме, но, ако не си простиме за тоа што се случувало во минатото, не може да одиме напред, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по  интервјуто  на премиерот, Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

Тој не сакаше да го коментира ставот на поранешниот претседател на СДСМ и поранешен премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски, само кусо одговори дека секој има право на свое мислење и став за секое прашање.