Спалети со победа се збогува од италијанската репрезентација

Репрезентацијата на Италија синоќа во Реџо Емилија ја победи Молдавија со 2:0 во натпревар од квалификациите за Светското фудбалско првенство 2026.

Натпреварот беше последен за италијанскиот селектор Лучијано Спалети на кормилото на репрезентацијата, кој на 8 јуни соопшти дека си заминува од националниот тим.

Головите ги постигнаа Џакомо Распадори и Андреа Камбијасо.

Во паралелен натпревар од И-групата, Норвешка ја победи Естонија на гости со 1:0.

Норвежаните со максимални четири победи се лидери на табелата, имаат 12 бода, Израел има 6 бода по 3 меча, Италија 3 бода од 2 средби, Естонија 3 бода по 4 меча и Молдавија 0 бодови по 3 натпревари.