„Спакувана“ есенската кошница: Нема замрзнување на цените туку едномесечно ограничување на маржата , на 10 отсто

Лебот и пекарските производи, месо како и преработки од месо, конзервирани производи тоа се само дел од основните 100тина артикли кои ќе ги содржи есенската потрошувачка кошница.

Конечната листа на производи ќе се знае во вторник кога е најавено оваа мерка да се усвои на владина седница. Мерката ќе трае еден месец а ќе се ограничи маржата на производите од  10 проценти.  

„Мерките се само за празници, само во тие периоди каде што ќе бидат ограничување со временскиот период. На пример за еден месец ќе биде таа одлука, како потрошувачка есенска кошница, така да натаму ќе направиме божиќна кошница, рамазанска, велигденска и така натака.“ - вели Дурмиши.

Од Сојузот на синдикати на Македонија сметаат дека не треба да се носат мерки по актуелните цени на прозиводите бидејќи тие сега се превисоки. Мора да донесе стратегија како во иднина да не се случуваат вакви ценовни шокови. 

Дополнително претседателот на ССМ Слободан Трендафилов смета дека морало порано да се реагира во однос на заштита на куповната моќ на граѓаните. 

„Можеби требаше далеку порано од ова. Меѓутоа во спореда со изборниот процес активносите кои можеа да ги превземат сметаме дека целосната активност со воведување на некаква кошничка која ќе помогне на граѓаните за 100тина прозиводи на кои ќе бидат ограничени цените или маржите.“ - вели Трендафилов.

Од организацијата за потрошувачи велат дека треба итно да се донесе законот против  нефер трговски практики кој предивуда ограничување на маржите на над 2,500 производи. А да не се импровизира со намалување на само 100 производи.  

Во целиот овој период од кога се спомнаа сезонските потрошувачки кошници кои треба да ги формира владата со свој став не излегоа јавно да кометрираат стопанските комори, трговците и ниту едно бизнис здружение. 

Додека граѓаните само за храна на месечно ниво трошат по една минимлна плата односно 23илјади денари за набавка на основните прехрамбени производи најголемите ланци на маркети на своето конто остваруваат милионски приходи на евра. 

Секаде во светот има тренд на намалување на храната само во земјава и натаму цените на храната континуирано растат.