СП2022: Бразил е е шестиот патник во четвртфиналето

Фудбалерите на Бразил ја оправдаа фаворитската улога во осминафиналната пресметка против Јужна Кореја и со убедлив триумф од 4-1 (4-0) изборија вечерва место во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Бразил беше надмоќен на теренот на стадионот „974“ во Доха и сите дилеми околу победата ги реши веќе по половина час кога имаше водство од 3-0 со головите на Винисиус (7 минута), Нејмар (13, пенал) и Ришарлисон (29).

До крајот на полувремето Пакета зголеми на 4-0 (36).

 Почесниот гол за Јужна Кореја беше дело на Сеунг-Хо Паик во 76 минута.

 

Противник на Бразил во четвртфиналето ќе биде Хрватска која на пенали ја совлада Јапонија 3-1 (1-1, 0-1).