СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале

Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа во Филаделфија со доста мака го совлада Парагвај со 1-0.

Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи од пенал во 70. минута.

За Мбапе ова беше седмиот гол на ова Светско првенство, со што се израмни со аргентинскиот капитен Лионел Меси на листата најдобри стрелци. Франција во четвртфиналето на 9 јули ќе игра против Мароко, кој претходно во саботата извојува убедлива победа над Канада, еден од домаќините на Светското првенство, со 3-0.