СП 2026: Фудбалерите на Швајцарија успеаја да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство

Фудбалерите на Швајцарија успеаја да се пласираат во осминафиналето на Светското првенство откако утрово ја совладаа селекцијата на Алжир со 2:0. На тој начин од програмата на натпревари за 2.јули го комплетираа списокот на од три европски репрезентации што ги продолжуваат натпреварите.

Раниот гол на Бри Емболо во 10.минута на Швајцарија и донесе стабилност во играта и натпреварот, а победата беше потврдена со голот на Дан Ндоје во 46.минута.

Швајцарија во осминафиналето на 7.јули во Ванкувер ќе игра со победникот од дуелот Колумбија – Гана што се игра вечерва. Тоа воедно е и еден од последните три натпревари од 1/16 финалето, а на другите два дуела играат: Аргентина – Зелено ’ртски острови и Австралија – Египет.