СП 2026: Австралија ја победи фаворизираната Турција

Уште едно изненадување донесе последниот меч од третиот ден на Мундијалот. На стдионот во Ванкувер, репрезентацијата на Австралија ја совлада Турција која беше фаворит на овој меч со резултат 2:0.

„Кенгурите“ поведоа во 27. минута со голот на Иранкунда.

Турција иако се закануваше, не успеа да израмни, па во 75 минута Меткалф зголеми на 2:0 што беше и конечниот резултат на натпреварот. Сега, на табелата САД и Австралија го делат првото место со по 3 бода, додека без бодови се репрезентациите на Турција и Парагвај.