Советот на јавни обвинители треба да ја одржи 42. седница

Советот на јавни обвинители денеска треба да ја одржи четириесет и втора седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои разгледување на писмена изјава за продолжување на вршењето функција член на Советот на јавните обвинители поднесена од страна на Кети Петкова.

На дневен ред, на денешната седница е и донесување на одлука за престанок на функција јавен обвинител во ОЈО Скопје, за јавниот обвинител Ленче Ристовска по сопствено барање. 

Пред Советот, на дневен ред е уште една одлука за престанок на функција јавен обвинител во ОЈО Скопје, за јавниот обвинител Џулистана Мишевска поради исполнување на услови за старосна пензија

На седницата, Советот ќе треба да донесе и одлука за формирање на Комисија за постапување по дисциплински предмет.