Советот на ЕУ до Северна Македонија: Спроведете ги уставните измени и реформите
Советот на Европската Унија го поздравува фактот што евроинтеграцијата останува стратешка цел на Македонија и ја повикува да ги интензивира напорите за унапредување на реформите поврзани со ЕУ.
Ова стои во нацрт-заклучоците на Советот за проширување на ЕУ, кои се очекува да бидат усвоени.
Во пресрет на денешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, според документот кој го објави Радио Слободна Европа забелешката за Македонија ќе биде дека се уште ги нема усвоено уставните измени.
Инаку вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан ги блокираше заклучоците на Советот на ЕУ за земјите-кандидатки, оставајќи ја Унијата без заедничка стратегија за проширување во пресрет на клучниот самит кој ќе се оддржи утре и во петок во Брисел.

