Совет на амбасадори: Македонија да ги задржи двете клучни патеки - интеграцијата кон ЕУ и стратешкото партнерство со САД
Пречката на патот на Македонија кон ЕУ не е Бугарија - туку самата унија, смета поранешниот амбасадор Нано Ружин. Не верува во уставни измени со одложено дејство оти ставот на Европската комисија останува ист, ако се земе предвид и фактот дека дел од екипата на Макрон, сега е во тимот на новата претседателката на Европската комисија
Трамп и неговата администрација нема да придонесат за одблокирање на процесот кон ЕУ, вели Ружин. Новиот американски претседател е преокуопиран со други прашања, а унијата е цврсто решена тоа што е потпишано-уставните измени да се реализираат.
Во меѓувреме, советува на голема политичка мудрост кај нашата дипломатија - по најавите на Трамп за воведување на даноци за Европа. Не верува во големи економски последици, но сепак треба да се одигра мудро, со оглед дека и унијата и САД ни се стратешки партнери.
Поранешниот амбасадор во Виена Ѓорѓи Филипов пак, вели дека најавените даноци на Трамп не треба многу да не загружуваат, затоа што вакви заплашувања имало и во неговиот прв мандат.
Мухамед Халили смета дека најавените даноци на Трамп воопшто и не се однесуваат за нашата земја.
Трамп по преземањето на функцијата најави царини за Европската Унија оти како што посочи ЕУ и другите земји имаат загрижувачки трговски суфицит со САД.
„Европската унија се однесува многу, многу лошо со нас. Значи, тие ќе мора да се соочат со тарифи. Тоа е единствениот начин да се постигне правичност“, истакна Трамп.
Од ЕУ пак со смирувачки тонови. Еврокомесарот за трговија Марош Шефчовиќ изјави дека Брисел е подготвен да соработува со новата администрација во Вашингтон и многу внимателно ќе ги следат пораките што доаѓаат од Белата куќа.