Состојбата во регионот се влошува, можно воведување нови мерки за влез во Македонија
Foto

Состојбата во регионот се влошува, можно воведување нови мерки за влез во Македонија

Рестрикитивни мерки за влез во соседните држави, како одговор на лошата епиедемиолошка состојба. Се спуштаат гранични рампи и се воведуваат задолжителни карантини. Бројот на новозаразени е во нагорна линија речиси во сите земји во регионот, а ставањето под контрола на состојбата приоритет на сите здраствени власти.

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора информираше дека повторно се затвораат градинките и се скратува работното време на угостителските објекти до полноќ. Од синоќа на сите лица кои во Црна Гора ќе влезат од Србија им следува задолжителен 14 дневен државен карантин, а оваа мерка, информираат оттаму е поради високата стапката на активни случаи во Република Србија, особено во областа долж границата со Црна Гора.

На оваа рестрикција возвратија и српските власти, информирајќи дека поради лошата епидемиолошка слика во Црна Гора , 517 нови случаи од почеток на месец Јуни до сега ,сите граѓани од Црна Гора кои ќе влезат во Србија , ке мора да заминат во 14 дневна самоизолација.

Рестрикции за Србија пристигнуваат и од Грција. Целосно се забранува влезот за граѓаните на пријателската Србија , а желбата да летуваат на Егејското море останува неостварена поради високиот број на нетестирани патници од Србија кои пристигнале во Грција, а кои по направените тестови се покажале како ковид позитивни.

Од денес до 15ти јули целосно се укинува и авиосообраќајот помеѓу овие две земји. Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, додека во 16 градови и општини прогласена е вонредна состојаба.

Во последните 24 часа во Косово, се регистрирани најголем број на заразени со коронавирус . Од 429 обработени сомнителни примероци 195 биле позитивни. Вкупниот број на позитивни случаи на Косово од почетокот на епидемијата изнесува 3.703.

Во меѓувреме и во Албанија расте бројот на новозаразени и починати лица. Во последното деноноќие регистрирани се нови 71 заразени, а починале три лица. Според надлежните во вториот бран секој трет заболен е на возраст до 35 години.

Во Македонија пак границите се широко отворени за сите, без дополнителни рестрикции . Министерот Филипче вчера порача дека Комисијата за заштита од заразни болести во следните денови ќе ја следи состојбата со развој на инфекцијата со Ковид-19 во Србија и Косово и ако се оцени дека има потреба ќе се разгледа можноста за воведување на одредени мерки за границите. Македонските државјани слободно може да патуваат само во Србија, Албанија, Косово и Турција

За влез во останатите европски земји нова одлука ќе има на 15 јули.

0 Коментари

Остави коментари