Состојбата во Гевгелија со Ковид-19 аларматна - се бара легло повеќе во модуларната болница
Foto

Состојбата во Гевгелија со Ковид-19 аларматна - се бара легло повеќе во модуларната болница

Аларамнта станува ситуацијата со ковид-19 во Гевелија. За десетина дена регистрирани се над 200 новозаболени што значително го зголеми притисокот врз болничките капацитети во ова општина. Модуларната болница е полна а се планира повторно да се врши пренамена на интерното одделение за ковид пациенти.  Епидемиологот Сашко Олумчев вели дека последниов период младите се најголемите преносители кои не ги почитуваат мерките з азаштита и се заразуваат цели фамилиии   

Општинскиот кризен штаб заседаваше. Побараа доследно почитување намеерктие и здравствените протоколи.  Времено се затвораат сите детски игралишта. Се забранува било какви групирања во излетничко туристичките места. Ке се активираат патролите во угостителските објекти, обложувалници а се бара и воведување полициски час

Oд понеделник се затвора Одделението за физикална терапија кај Негорци,.  Дел од вработените ќе бидат ротирани на другите одделенија, На хирургија ќе се вршат само итни операции а поради редуцираниот број на здравствени работници и на другите одделенија приоритет ќе имаат итните случаеви, соопштија од Општата болница во Гевгелија.

0 Коментари

Остави коментари