Состојба со ковид 19 во светот
Бројот на заразени лица со коронавирусот секојдневно урива рекорди во Европа. Алармантни Податоци пристигнуваат од Германија, Франција, Белгија, но и балканскитедржави не се ништо помалку загрозени. Ррекодни заразени има во Бугарија и Словенија.
Во изминатите 24 часа германските здравствени власти соопштоја дека се откриени нови 15 илјади заболени со ковид 19 што претставува најголем дневен пораст во земјата од почетокот на пандемијата.
Германската канцеларка Ангела Меркел бара состанок со премиерите на 16 германски покраини за затворање на рестораните и кафулињата како и да се ограничи бројот на луѓе во затворена просторија.
Шефицата на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен предупреди дека во период од само три недели, откриени се голем број ан позитивни на ковид 19.
„Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести покажуваат дека коронавирусот брзо се шири низ цела Европа, и ние сме длабоко во вториот бран. Во моментов, сè повеќе луѓе се заразуваат.“ - Урсула фон дер Лајен - претседател на Европската Комисија.
Институтот за јавно здравје на Белгија соопшти дека е надминат рекордниот број на новозаразени со ковид-19 кој беше достигнат во март. Европскиот центар за спречување на болести објави дека земјата сега е прва по стапка на заразени на 100.000 жители во Европската Унија.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 33 илјади нови случаи на коронавирусот во Франција. Според тамошното министерството за здравство, во истиот период починале 523 лица. Попладне се очекува објавување на нови рестриктивни мерки во земјата. Според француските медиуми, се очекува карантин на ниво на цела држава.
Ништо подобра не е ситуацијата на балканот. Во Хрватска во изминатото деноноќие се забележани повеќе од 2.300 нови инфицирани додека пак во Бугарија се потврдени 2.500 нови случаи на коронавирус, што е втор ден по ред земјата да бележи рекорден број на заразени. Во истиот период починаа 25 луѓе како последица на ковид-19. Српските власти велат дека здравствениот систем во државата е под огромен притисок и дека бројот на хоспитализирани пациенти за една недела двојно се зголемил.
„Денеска е најтешкиот ден за србија,. Ќе имаме повеќе од 1200 заболени. Од нив, половина се од Белград. Остро ќе ги санкционираме сите оние кои не ги почитуваат мерките. Немамње друг избор.“ - изјави Алекасандар Вучиќ - претседател на Србија.
во словенија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 2.605 нови случаи на ковид 19.. Во земјата од вчера се во сила нови мерки меѓу кои вклучуваат забрана за движење меѓу општините.
Во Романија исто така беа регистрирани рекордни 5000 нови случаи на заболени додека пак 107 лица починаа.