Состојба ковид 19: Починати 15, новозаразени 173, оздравени 150
Foto

Состојба ковид 19: Починати 15, новозаразени 173, оздравени 150

Рекорден број на починати од корнонавирусот во изминатово деноноќие регистрирале здравствените власти од почетокот на епидемијата досега. За само 24 часа 13 пациенти починале во болниците низ земјава, а двајца починале дома.

Меѓу починатите е регистриран и пациент на 45 годишна возраст. Во извештајот на министерството за здравство нема информации дали починатите имале и други заболувања.

Висока е и бројката на новодијагностицирани. Од вкупно направени 1 653 тестирања

173 се позитивни на КОВИД 19. Најголем број односно 75 се од Скопје, 14 се од Струга, а 10 се од Охрид. ПО еден нов случај е регистриран и во Струмица, Крушево, Пробиштип, Берово и Валандово.

Новодијагностицирани по градови

Скопје-75,

Струга-14,

Охрид-10,

Куманово-9,

Тетово-9,

Штип-8,

Гостивар-7,

Дебар-6,

Прилеп-6,

Свети Николе-6,

Кочани-4,

Велес-3,

Кавадарци-3,

Кичево-3,

Ресен-3.

Гевгелија-2,

Струмица-1,

Крушево-1,

Пробиштип-1,

Берово-1,

Валандово-1,

Скопје и натаму останува на врвот на листата со најмногу заразени, а од скопските општини Чаир, Гази Баба и Карпош имаат најмногу активни случаи.

Според податоците на здравствените власти во моментов 3 556 лица се борат со вирусот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти. Во болницата во Козле се хоспитализирани 26 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 123 пациенти. На респираторна машина се 8 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 87 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Институтот за јавно здравје во изминатово деноноќие регистрирал и 150 оздравени пациенти.

0 Коментари

Остави коментари