Состанок на мешовитата комисијата за историски прашања во Скопје, умерен оптимизам од бугарска страна

Историските комисии и на Македонија и Бугарија имаат дводневна средба за дискутирање за усогласување на ставовите меѓу двете држави.

Тие треба да разговараат за делото и ликот на деецот Гоце Делчев, забелешките за историските учебници од кои следат настава учениците во седмо одделение, записниците од претходните две средби како и предвидување на динамиката на состаноците за идната година. Утринава пред почетокот на состанокот во Министерството за надворешни работи претседавачот на бугарската комисија Ангел Димитроов не сакаше многу да коментира, но рече дека нема многу напредок досега и се остава да се види што ке се случува на предговорите. 

- Не можам да коментирам дред средбата, коментирање после неа. Темите се исти како и на претходните средби, а тоа значе дека нема напредок а дали ќе има ќе видиме денес. - изјави Димитров.

Сподред членот во македонската историска комисија Љупчо Ристовски смета дека е потребно неговите колеги да престанат да гледаат еднострано на историските работи и треба да има промена во пристапот на меѓу двата тима за изнаоѓање на решенија. 

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август годинава имаше усвоено и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-от клас во Бугарија, како и препораките за заедничко чествување на личности од средниот век - Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил.

Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Република Бугарија.