СОСТАНОК НА КОНСТИТУЕНЦАТА НА ММФ И СБ ВО СКОПЈЕ
Foto

СОСТАНОК НА КОНСТИТУЕНЦАТА НА ММФ И СБ ВО СКОПЈЕ

Прогресивниот данок што земјата го воведе од почетокот на година треба да ја намали разликата меѓу богатите и сиромашните, смета извршен директор на ММФ за Конституенцата, кој денес заедно уште седумдесет учесници на конференцијата дебатираа за нееднаквоста меѓу луѓето и како таа да се намали. Може ли капитализмот да биде добар за сите или само за неколкумина. Големата разлика меѓу богатите и сиромашните влијае врз економскиот раст на државата. 

„Владата има навистина амбициозна реформска агенда и навистина може да се забележат резултати, како на политички план, бидејќи изгледите на земјата за влез во ЕУ и НАТО се подобрени, но и на економско ниво, бизнисот, деловното окружување, образованието. Сметам дека преминот од рамен данок кон прогресивен данок е позитивен чекор кон обезбедување еднаквост и ММФ на повеќе навратии тоа го препорачувал и пропагира и сметам дека секако е добар начин да се стигне до поголема еднаквост за која што зборрувавме.“ - рече Антони де Ланој, извршен директор на ММФ за Конституенцата.

Преспанскиот договор што беше потпишан минатата година нема само политичко, туку и економско значење за земјата, смета Светска банка.

„Преспанскиот договор немаше само политичко, туку и економско значење бидејќи создаде доверба и можности за реформи, а Владата навистина вложуваше и во човечкиот капитал и во приватните компании, но и во одржливоста. Само што ги слушнавме последните бројки на Светска банка кои покажаа позитивно економско сценарио и покрај глобалното забавување,“ - рече Кун Дејвидсе извршен директор на Конституенцата за Светска банка.

Нееднаквоста е глобален феномен уште од 80 -те години. Во нашиот регион, учеството на најбогатите 10% во вкупниот доход е околу 29%, што е помалку во однос на Западна Европа, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска.

„Едно од клучните прашања е како до поправедно општество. Во последната деценија едно од клучните прашања како до побрз, но и до поинклузивен раст зашто трендовите што се присутни во овој период упатуваат на забавување на глобалниот раст, не само што забавува фактичкиот економски раст туку и забавува и потенцијалниот раст на економиите, а сето тоа е водено и со растечка нееднаквост која што се случува во глобални рамки.“ - вели Ангеловска-Бежоска.

„Со праведното оданочување дополнителни средства со кои многу кратно ги зголемивме социјалните трансфери на најранливите граѓани. Ние сме првата земја во регионот која што има минимален адекватен приход, први на Балканот воведовме нешо такво, многукратно ги зголемивме социјалните трансфери. Потоа, едно од главните приоритети ни е платите да растат,“ - вели министерот за финансии, Тевдовски. 

Викендов во земјата се присутни над седумдесет министри за финансии, гувернери на централни банки, Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, а токму овој настан ја одложи најавената реконструкција на Владата, за како што рече Заев, земјата да се покаже во најдобро светло.

0 Коментари

Остави коментари