Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан
Foto

Состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан

Во Охрид денеска ќе се одржи неформален регионален состанок на директорите на Царинските управи од Западен Балкан, чија главна цел е подготовка на заеднички пристап на царинските служби од регионот со цел унапредување на економската соработка во Западен Балкан, справување со проблемите со кои се соочува, преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји, во контекст на Берлинскиот процес и Самитот во Трст што се одржа во јули 2017 година.

Покрај директорите на Царински управи од Западен Балкан, на настанот ќе присуствуваат и претставници на на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство и Британската Амбасада, како и претставниците на граничните инспексциски служби на фитосанитарната и ветеринарната контрола на Албанија, Србија и Северна Македонија.

На состанокот ќе се обратат и директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија Ѓоко Танасоски, како и Адам Вудроу, офицер за врска на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство.

0 Коментари

Остави коментари