Соседството и проширувањето на ЕУ тема на разговор помеѓу Вархеји и Дендиас

Соседството и проширувањето на ЕУ се темите за кои размениле мислења европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во нивниот телефонски разговор.

За телефонскиот разговор, кој го иницирал Вархеји преку Твитер, објави и министерот за надворешни работи на Грција.

„Телефонски разговор со комесарот на ЕУ, Оливер Вархеји, по негова иницијатива, за да разговараме за прашањата поврзани со европското соседство и проширувањето со оглед на рестрикциите наметнати од пандемијата“, напишал Дендиас.