Сорос ја затвора канцеларијата во Скопје
Директорката на Фондацијата Отворено Општество во Скопје Фани Каранфилова Пановска ниту ја потврди ниту ја демантираше информацијата дека наскоро ќе се затвори канцеларијата на филантропот Џорџ Сорос во Македонија. Таа потврди дека во моментов се вршат трансформации на сите национални фондации Отворено општество.
Централата на Фондацијата одлучила проектите во Македонија да бидат опслужувани преку подружницата во Тирана, како и дека нема да бидат продолжени договорите на менаџментот во Скопје и на директорката Каранфилова Пановска
Фондација Отворено општество - Македонија официјално почна да работи во 1992 година.