Соработката помеѓу „Mintins“ и „Interdomestik“ ветува позитивно влијание на осигурителниот пазар
Соработката помеѓу mintins и interdomestik гарантира дека клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку mintins сега ќе добијат членство во interdomestik, информираат од компанијата. Ова членство обезбедува сеопфатна помош и го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки.
Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат: - авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка - организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди - авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка. Иновативна соработка е прва од ваков вид помеѓу осигурителен брокер и компанија специјализирана за помош и наплата на штети која ветува позитивно влијание на осигурителниот пазар и ќе обезбеди подобрени услуги за сите осигуреници.